Милан ќе биде многу активен во последните денови од трансфер пазарот и се очекува во текот на неделата да комплетира два трансфери.
Преговорите со Челзи за трансфер на Бакајоко се во завршна фаза, а на „Сан Сиро“ треба да пристигне и италијанскиот напаѓач од Монако, Петро Пелегри.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пелегри беше посочуван како најголема надеж на италијанскиот фудбал и стана најмлад стрелец во историјата на Серија А, а потоа направи трансфер во Монако за 25 милиони евра.
Меѓутоа, во „кнежевството“ не се снајде најдобро, па сега Милан ќе го врати во Италија 20-годишниот напаѓач.
Постигнат е договор за едногодишна позајмица од 1 милион евра, а „росонерите“ следното лето ќе можат да го откупат за 6 милиони евра.