Дома Топ вести „Бомба“: Сити се откажа од Кејн, го купува Влаховиќ

„Бомба“: Сити се откажа од Кејн, го купува Влаховиќ

Англиските и италијански медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е на добар пат да го комплетира трансферот на Душан Влаховиќ од Фиорентина.

Влаховиќ блесна минатата сезона во Фиренца и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Сити е спремен да ја победи конкуренцијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гвардиола е во потрага по квалитетен напаѓач, а прва желба беше Хари Кејн, но откако Тотенхем ја одби и последната понуда, „граѓаните“ се насочиле кон Влаховиќ.

Медиумите пренесуваат дека Сити понудил 80 милиони евра за 21-годишниот голгетер, а Фиорентина ја прифатила понудата.

Влаховиќ дал согласност за трансфер на „Етихад“ и во моментов неговите агенти ги договараат последните детали за личните услови. Србинот ќе стави потпис на договор до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…