Дома Трансфер зона Интер го „краде“ Пјаниќ пред носот на Јувентус

Интер го „краде“ Пјаниќ пред носот на Јувентус

Според информациите на каталонскиот „Спорт“ Миралем Пјаниќ сигурно ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок.

Пјаниќ сака да се врати во Јувентус и „бјанконерите“ важеа како фаворити за неговиот потпис.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Пјаниќ прифатил 20% намалување на платата за да се врати во Торино, но Јувентус треба прво да се ослободи од Рамзи.

Таквата ситуација сака да ја искористи Интер и веќе стапил во контакт со неговиот агент, па сака да го „украде“ пред носот на големиот ривал.

Барселона е спремна да го даде Босанецот на двегодишна позајмица за да се ослободи од неговата висока плата.

Пјаниќ уште неколку дена ќе го чека Јувентус, а потоа ќе му каже ДА на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…