Дома Трансфер зона Румениге: Ливерпул ќе биде следниот клуб на Халанд

Румениге: Ливерпул ќе биде следниот клуб на Халанд

Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Михаел Румениге смета дека Ливерпул ќе биде следниот клуб на Ерлинг Халанд.

21-годишниот Норвежанец игра фантастично и постигна 57 гола на 59 меча за Борусиај Дортмунд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Халанд е на мета на многу европски гиганти, а Румениге смета дека голгетерот ќе се пресели на „Енфилд“.

„Халанд е исклучителен феномен. Таквите играчи се појавуваат еднаш на 30 или 40 години. Не знам какви се неговите планови за кариерата, но за Дортмунд е одлично што тој се уште го носи црно -жолтиот дрес оваа сезона. Единствениот недостаток со играч со неговата големина е ударот со глава. Не постигнува доволно голови со глава. Според мене следната сезона ќе игра во Ливерпул, тој е идеален за тимот на Клоп“, смета Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…