Дома Фудбал Германија Капитенски потег: Ројс побарал промена на формацијата, па Борусија „го растури“ Ајнтрахт!

Капитенски потег: Ројс побарал промена на формацијата, па Борусија „го растури“ Ајнтрахт!

Борусија Дортмунд вчера го победи Ајнтрахт со 5:2.

Херој на „милионерите“ беше Ерлинг Халанд кој постигна два гола и забележа три асистенции. Но, големи заслуги имал и Марко Ројс. Тренерот Марко Розе откри дека Ројс дошол кај него и побарал формацијата да биде промената.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ројс дојде кај мене и ми кажа дека треба да играме во формација 4-2-3-1. Затоа што противникот игра со 4-1-4-1. Го послушав и дозволив. Ако капитенот на теренот чувствува нешто тогаш секој тренер треба да послуша. По таа промена почнавме да играме потечно и дојдовме до победата. Марко покажа навистина голема одговорност како водач на тимот“; изјави стратегот на Борусија.

Во следното коло Борусија ќе игра со Фрајбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…