Пеп Гвардиола застана во одбрана на трошењето пари на Манчестер Сити во секој преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Летово „граѓаните“ го купија Џек Грилиш за сума од 100 милиони фунти, а во медиумите подолго време се најавува дека се обидуваат да го доведат Хари Кејн.
„Грилиш го купивме затоа што продадовме играчи за 60 милиони фунти, па за тој трансфер ние потрошивме 40 милиони фунти. Во спротивно не ќе можеше да го доведеме. Секој сопственик избира како ќе работи. Не разбирам во што е проблемот“, изјави Гвардиола.
Сезоната во Премиер лигата Манчестер Сити ја стартува токму денес и тоа против тимот на Кејн, Тотенхем.