Дома Фудбал Италија Џенова со пресврт до победа во купот, едно полувреме за Пандев

Џенова со пресврт до победа во купот, едно полувреме за Пандев

Во истиот ден кога беше потврдено дека Горан Пандев ќе продолжи уште една сезона Џенова успеа да победи со 3:2 во купот на Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


До победата од 3:2 против Перуџа дојде со пресврт. Гостите одлично стартуваа и после десет минути игра имаа предност од 2:0.

По тие два гола Џенова започна да игра подобро, па преку Кришито кој погоди од пенал и преку Ернани успеаа да изедначт. Треба да се спомене пред изедначувакиот гол на Џенова Курадо кај гостите заработи црвен картон и беше исклучен.

Горан Пандев во игра влезе во второто полувреме и до крајот на мечот заработи жолт картон. Херојот на Џенова беше Калон кој пред крајот на натпреварот ги постави конечните 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо блесна, Португалија ,,пукна петарда”! (Видео)

Португалија убедливо одговори на критиките по ремито со ДР Конго и со високи 5-0 го совлад…