Дома Трансфер зона Милан без Кеси и Ибрахимовиќ во првото коло од Серија А

Милан без Кеси и Ибрахимовиќ во првото коло од Серија А

Фудбалерите на Милан ќе бидат ослабени на стартот од сезоната во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На гостувањето во Сампдорија на 23. август нема да патуваат двајца важни фудбалери. Од претходно беше познато дека Златан Ибрахимовиќ кој се опоравува од повредата нема да биде во тимот, а сега пристигнуваат вести дека натпреварот ќе го пропушти и Франк Кеси.

Играчот од средината на теренот се повреди на тренингот вчера, за денес да биде утврдено дека се работи за проблем со мускулот.

Точното време на враќање на Ибрахимовиќ и Кеси не е познато, но извесно е дека нема да бидат спремни до крајот на месецот.

Со натпреварот Милан – Сампдорија се затвара првото коло од Серија А на 23. август од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…