Летово Челзи имал можност да го доведе Роберт Левандовски и тоа за помала сума од Ромелу Лукаку, но европскиот шампион одбил да потроши толку пари на напаѓач кој има 32 години.
Реномираниот „Билд“ објави дека менаџерот Пини Захави го понудил Левандовски на Баерн за 80 милиони евра. Сепак, од Челзи сметале дека Левандовски е престар за да платат за него 80 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот со Левандовски со Баерн е до 2023 година. Место Левандовски Челзи се одлучи да доплати 35 милиони евра и за 115 милиони евра да го купи Лукаку од Интер за кого ова претставува враќање на „Стенфорд Бриџ“.
Лукаку блескаше во Интер минатата сезона, а времето ќе покаже дали во Челзи донеле исправна одлука.