Дома Фудбал Сетиен: Тоа што го затекнав во Барселона го немав видено 40 години

Сетиен: Тоа што го затекнав во Барселона го немав видено 40 години

Поранешниот тренер на Барселона Кике Сетиен во интервју за „Марка“ се потсети на неговиот период во Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сетиен ја презема Барселона во јануари 2020 година, а отказ доби после поразот од Баерн со 8:2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Сега тој истакна дека не можел да верува какво расположение владеело во тој период помеѓу фудбалерите.

„Никогаш не сум видел таква соблекувалната, ни кога бев дел од репрезентацијата, ниту во Атлетико Мадрид. Бев шокиран. Имаше многу работи кои не може да се контролираат. Доаѓате во соблекувалната која не е среќна. Она што го затекнав во Барселона го немав видено 40 години претходно колку што сум во фудбалот“, изјави Сетиен.

Барселона во таа сезона заврши втора во првенството и во трката со Реал заостануваше само пет бодови, а во ова интервју порача и дека повеќе не се гледа себе како тренер.

„Во овој момент не се гледам себе како тренер, ја изгубив желбата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел изостави уште една ѕвезда од Светското првенство

Англискиот селектор Томас Тухел донесе низа изненадувачки одлуки во однос на списокот за С…