Дома Трансфер зона Серхио Ромеро кариерата ја продолжува во Ла Лига

Серхио Ромеро кариерата ја продолжува во Ла Лига

Сега веќе поранешниот голман на Манчестер Јунајтед Серхио Ромеро го напушти клубот „Олд Трафорд“ после шест години. Како слободен играч тој ќе се приклучи на екипата на Гранада.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Преговорите се во финална фаза и се очекува се набрзо да биде објавено.

Ромеро никогаш не дојде до улогата прв голман во англискиот гигант. И кога беше прв избор тоа беше во Лига Европа, додека Де Геа беше главен во Премиер лигата.

Сега кога Дин Хендерсон покажа квалитет, дури ја стави под знак прашалник и голманската позицијка на Де Геа, стана јасно дека за Ромеро нема место. Солскјер за трет голман веќе го врати Том Хилтон.

Во минатата сезона Ромеро не запиша ниту еден настап, а последен на голот беше во сезоната 2019/2020.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…