Дома Фудбал Келаифи: Мбапе кажа дека сака конкурентен тим, ние сега го имаме најсилниот во светот

Келаифи: Мбапе кажа дека сака конкурентен тим, ние сега го имаме најсилниот во светот

Навивачите на ПСЖ го слават доаѓањето на Меси кој денес излезе на прес-конференција со првиот човек на ПСЖ Ал Келаифи.

На прес-конференцијата Келаифи зборуваше и за Килијан Мбапе.

Мбапе одбива да потпише нов договор, а актуелниот му истекува наредното лето. Констатно се поврзува со заминување, меѓутоа Келифи е сигурен дека ќе остане.

„Мбапе? Мислам дека сите знаат која е неговата иднина. Самиот кажа дека сака да имаме конкурентен тим, ние сега го имаме најсилниот тим во светот. Не може да одлучи ништо друго освен да остане“, изјави Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв европски гол за Алиоски во Лугано, Швајцарците со 3:0 на паузата

Езџан Алиоски погоди во 24. минута против Кауно Жалгирис и го запиша првиот европски погод…