Како селекторот Бајиќ и претседателот Антиќ и Тодор Гечевски е разочаран од потегот на Нено Димитриевски.
Гечевски освен што го коментираше потегот на Нено, откри и дека Михаил Наумоски и Дино Боцевски исто така не се појавиле на тренингот иако добиле повик од селекторопт. На Гечевски не му е јасно како некој не сака да игра за својата држава.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Поминав долги години во репрезентацијата, имавме добри моменти, но бевме и на дното. Сум играл во секакви услови, националниот тим секогаш бил светост. Не ми е јасно како може да не сакаш да играш за својата држава и да застанеш пред химната. Зарем не е доволен мотив да се израдува македонскиот народ како ние во 2011?“, емотивно изјави Гечевски.
Македонската јавност добро знае каков борец беше Гечевски на теренот, за Македонија играше и со скршена рака.