Дома Македонски спорт Ненад Димитријевиќ го разочарал Бајиќ, ветил дека ќе задоцни па – воопшто не се појавил!

Ненад Димитријевиќ го разочарал Бајиќ, ветил дека ќе задоцни па – воопшто не се појавил!

Ненад Димитријевиќ предизвика огромно разочарување кај челниците на Кошаркарската федерација откако летово дури не ни кажал дека не сака да игра за националниот тим во претваклификациите за СП 2023 (12-18 август).

Селекторот Бајиќ изјави дека Димитријевиќ прво побарал да задоцни две недели, а подоцна не се појавил.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Со Димитријевиќ разговарав уште на 14. јуни и му објаснив дека сме во тешка ситуација и дека очекувам од него да биде лидер на репрезентацијата. Јасно му кажав дека сериозно сметам на него, а дека во квалификациите ќе се обидам да му дадам одмор. Потоа добив повик од неговиот менаџер на 28. јули, побарано беше тој да дојде две недели подоцна. Иако е спротивно моите принципи се согласив. Не можам да сфатам како момче од 23 години бара одмор, но добро поминав преку тоа. На крајот не се појави и на датумот на кој вети, тоа е крајот на приказната. Горан Пандев и на 37 години не му беше тешко да игра за националниот тим, исто и Кирил Лазаров. Казна нема да барам за него, таа треба да стигне од македонската јавност“, изјави Бајиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…