Дома Останати Кошарка Дурант им одговори на критичарите: Не рангиравте зад Словенија… Дали сте сериозни?

Дурант им одговори на критичарите: Не рангиравте зад Словенија… Дали сте сериозни?

Oткако на припремите изгубија од Нигерија и Австралија и на отварањето на Летните Олимписки игри од Франција американските кошаркари беа на удар на јавноста која сметаше дека „Дрим-тимот“ може да остане без златото.

Кевин Дурант, најдобриот играч во финалето против Франција (87:82) со 29 поени после натпреварот испрати порака до критичарите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Оваа порака е за сите кои зборуваа дека нема да го освоиме златото. Имаа некои свои ранг листи и не ставаа на четвртото место зад Словенија. Ве молам…Зборуваа дека не стигнуваат. Дали сте сериозни“, порача Дурант.

Освоенто злато за Дурант ќе биде трето олимписко. Исто така тој е водечки стрелец во репрезентацијата на САД со 435 поени во 22 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…