Дома Фудбал Репрезентации Нема медал во фудбал за домаќините, Мексико слави бронза!

Нема медал во фудбал за домаќините, Мексико слави бронза!

Репрезентацијата на Мексико стигна до бронзениот медал на олимписките  игри во Токио откако денес беа подобри од домаќинот Јапонија со 3:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мексико до водство од два гола стигна брзо, прво Кордова погоди во 13. минута, а на 2:0 зголеми Васкез само девет минути подоцна. На полувреме се замина со тој резултат, се беше решено после неполн еден час игра кога Вега се запиша во листата на стрелци за 3:0.

Конечните 3:1 на 12 минути пред крајот ги постави Митома.

Утре на програмата е мечот за златото, во финалето ќе се сретнат Бразил и Шпанија. „Кариоките“ се и актуелни олимписки шампиони од Рио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шкендија на колена: Силекс го освои Купот на Македонија

Фудбалерите на Силекс триумфираа против Шкендија со 1-0 во финалето на Купот на Македонија…