Дома Македонски спорт Нуров ја загуби и најмалата шанса да се бори за медал

Нуров ја загуби и најмалата шанса да се бори за медал

Maкедонскиот бораџ Магомедгаџи Нуров ја згуби и најмалата шанса да се бори за медал во Токио.

Нуров беше поразен од Кубанецот Ренерис Салас Перез, а само ако Салас се пласираше во финалето Нуров ќе добиеше шанса преку репасажот да се бори за бронза.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Меѓутоа Абдулрашид Садулев кој беше голем фаворит не дозволи изненадување и го победи Кубанецот со 4:0 така згасна и последната шанса за Нуров.

Ако дојдеше до репасажот Нуров ќе требаше да победи две бори со што ќе добиеше шанса да се бори за медал.

Со ова завршија и сите настапи на македонските спортисти во Токио, медал освои само теквондистот Дејан Георгиевски кој се врати со сребро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Му аплаудираше цел стадион, а големиот Раниери со солзи замина во пензија 🎥

Славниот италијански тренер, Клаудио Раниери вчера на клупата на Каљари го одработи негови…