Многу сме блиску да го видиме најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата.
Џек Грилиш според најавите од Англија ќе потпише за Манчестер Сити за сума од 100 милиони фунти и така ќе го надмине рекордот на Пол Погба со трансферот од Јувентус во Манчестер Јунајтед во 2016 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најавите се дека Грилиш утре ќе ги помине лекарските прегледи, а потоа ќе следи официјализација на големиот трансфер.
Грилиш доби продолжен одмор поради настапот со Англија на Еуро2020 и неделава ги започна подготовките со Астон Авила.
Сити понуда за Грилиш ја испратил во петокот и таа била прифатлива за клубот од Бирмингем.
Ќе потсетиме, трансферот на Погба во 2016 година изнесуваше 93 милиони фунти. Грилиш е дете на Астон Вила и за овој клуб одигра 200 натпревари и постигна 32 гола.