Манчестер Сити повторно го собори рекордот за најскап дефанзивец со трансферот на Бенџамин Менди од Монако за 52 милиони фунти.
Само пред неколку дена, Пеп Гвардиола плати 50 милиони фунти за Кајл Вокер од Тотенхем, кој исто така беше врховно достигнување. Денес „граѓаните“ официјално го објавија договорот со Монако, откако дефанзивецот ги мина лекарските прегледи во САД, каде што тимот е на турнеја и потпиша договор на пет сезони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
23-годишниот Менди импресионира со настапите во минатата сезона, каде што Монако ја освои титулата во Лига 1 и стигна до полуфиналето во Лигата на Шампионите. Тој забележа 25 натпревари каде што успеа да направи 5 асистенции во француското првенство, како и 10 натпревари и 3 асистенции во ЛШ.
Ова беше третиот дефанзивен трансфер кој Сити го направи ова лето, откако вчера беше завршен трансферот и на Данило од Реал Мадрид.