Дома Топ вести Еден европски гигант е спремен да му пружи нова шанса на Ериксен

Еден европски гигант е спремен да му пружи нова шанса на Ериксен

Плејмејкерот на Интер, Кристиан Ериксен пристигна во Милано, каде ќе му бидат направени детални лекарски прегледи.

29-годишниот плејмејкер доби срцев удар на првиот натпревар од ЕП против Финска. Потоа му беше направена операција и му беше вграден електричен дефибрилатор.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Веќе е потврдено дека ако Ериксен продолжи да носи дефибрилатор нема да може да игра за Интер, бидејќи правилата во Серија А не го дозволуваат тоа.

Меѓутоа, во други лиги правилата не се толку ригорозни, а Ериксен сака да ја продолжи професионалната кариера.

Холандските медиуми пренесуваат дека Ајакс е заинтересиран за Данецот и е спремен да му пружи шанса да игра и понатаму на врвно ниво.

Во Ајакс веќе има фудбалер со слични срцеви проблеми кој игра регуларно, а станува збор за Дени Блинд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…