Белоруската олимписка атлетичарка, спринтерката Кристина Циманускаја денес изјави дека е фокусирана на својата безбедност и бара засолниште во Европа, откако се соочи со закани од дома.
„Тие јасно кажаа дека по враќањето дома дефинитивно ќе се соочам со каква било казна“, изјави таа во интервју за Асошиетед прес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
24-годишната девојка рече дека сака да ја продолжи кариерата како спортист, со планови да настапи на најмалку две идни олимписки игри.
„Засега, само сакам безбедно да пристигнам во Европа, да се сретнам со луѓе кои ми помагаа и да донесам одлука што понатаму“, рече Циманускаја.
Полските власти и дадоа хуманитарна виза за да побара политички азил во понеделникот, откако таа потврди дека официјални лица од нејзиниот тим се обидувале да ја принудат да се врати во Белорусија против нејзина желба.
Циманускаја на официјални лица во Токио им рече дека се плаши да се врати во Белорусија од автократската влада на претседателот Александар Лукашенко.
Белорускиот национален олимписки комитет го предводат Лукашенко и неговиот син Виктор повеќе од 25 години.
На својот профил на Инстаграм, Циманускаја рече дека била вклучена во штафетниот тим на земјата 4х400, иако никогаш не се натпреварувала на овој настан.
Белоруските службеници се обиделе да ја однесат Циманускаја на аеродромот во Токио, но таа одбила да се качи на летот за Истанбул и наместо тоа, таа побарала помош од полицијата во Токио.