Челзи не се откажува од намерата да го донесе Ромелу Лукаку на „Стенфорд Бриџ“ и спрема нова понуда за Белгиецот.
Интер ја одби првата понуда од 100 милиони евра, но Челзи е спремен во наредните денови да испрати нова понуда од 120 милиони евра, која „нероаѕурите“ тешко ќе ја одбијат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Притоа, „сините“ на Лукаку му нудат двојно поголема плата, односно 15 милиони евра по сезона, па неговиот агент притиска Лукаку да ја прифати понудата.
Последниот збор ќе го има Белгиецот, но Интер веќе почна бара замена, а прва желба е Влаховиќ од Фиорентина.
Сепак, тоа нема да биде лесно бидејќи Фиорентина за неговата слобода бара 60 милиони евра, па како алтернатива се споменуваат Белоти од Торино и Запата од Аталанта.