Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ е пред преселба во турскиот гигант Фенербахче.
Медиумите во Турција пренесуваат дека преговорите помеѓу агентите на Манџукиќ и Фенербахче се во завршна фаза.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Манџукиќ е без клуб откако го напушти Милан каде што не ги исполни очекувањата.
И пред преминувањето во Милан Манџукиќ се поврзуваше со Фенер, но тогаш тој го избра Милано за негова нова дестинација. Според информациите Фенербахче на Манџукиќ му нуди плата од два милиони евра по сезона.
Коментари