Легенарниот украински фудбалер, Андреј Шевченко соопшти дека го напушта кормилото на украинската репрезентација.
Шевченко со успех ја водеше Украина цели 5 години и ја одведе селекцијата на ЕУРО, каде играа во четвртфиналето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако сите очекуваа дека Шевченко ќе продолжи да го води националниот тим, сепак легендата соопшти дека нема да го продолжи договорот.
„Денеска ми истече договорот со украинската фудбалска федерација. Минав пет години со А тимот, работев напорно за да докажеме дека можеме да играме модерен фудбал. Благодарен сум на челниците на федерацијата за можноста да работам со репрезентацијата, им благодарам и на сите играчи, благодарност и до сите фанови за поддршката и критиките. Со верба во Украина“, истакна Шевченко.
Today, my contract with the Ukrainian Football Association came to the end. I spent five years with the National team. It was hard work that proved that we are capable of playing modern football. I am grateful… https://t.co/sEOi4Yfskp 🇺🇦💛💙 pic.twitter.com/eq6NhU5wfZ
— Andriy Shevchenko (@jksheva7) August 1, 2021