Дома Фудбал УЕФА одлучи: Челзи и Виљареал ќе играат пред публика

УЕФА одлучи: Челзи и Виљареал ќе играат пред публика

Eвропскиот Суперкуп ќе се игра пред навивачи.

УЕФА денес соопшти дека финалниот натпревар во Суперкупот помеѓу Челзи и Виљареал на стадионот во Белфаст ќе може да присуствуваат 13.000 навивачи.

Натпреварот ќе се игра на „Виндзор Парк“, а навивачите ќе можат да се пријават за влезница до 2. август. Оние кои ќе дојдат до влезница на влезот од стадионот ќе мораат да покажат ПЦР или брз негативен тест на коронавирус.

Дуелот помеѓу Челзи и Виљареал ќе се игра на 11. август во главниот град на Северна Ирска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Струмица до Шкотска: Мато ја памети поддршката што ја доби во Македонија

Роџерс Мато со благодарност зборува за Брера и Вардар, клубовите во кои се афирмираше пред…