Дома Македонски спорт Костовски: После овие олимписки игри Македонија треба да добие таеквондо центар!

Костовски: После овие олимписки игри Македонија треба да добие таеквондо центар!

По пристигнувањето во Скопје Дејан Георгиевски заедно со неговиот тренерски тим и претседателот на АМС одржаа прес-конференција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После овој успех на Георгиевски, Мојсовски вети поголема поддршка за боречките спортови. Тренерот Дарко Костовски верува дека сега таеквондото заслужува да добие еден специјален центар наменет само за овој спорт.

„Нашиот сон е да имаме центар само за таеквондо и после овие олимписки игри не се сомневам дека треба да има. Ги почитувам сите спортови, но таеквондото во овој момент е носечки боречки спорт во Македонија и затоа се надевам на такво нешто. Верувам дека тоа ќе донесе нови успеси, нови медали и радости на Македонија“, изјави Дарко Костовски.

Ќе потсетиме вечерва од 19:30 часот е главниот пречек на плоштадот во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …