Дома Топ вести Челзи спреми понуда за Интер и Лукаку која не се одбива

Челзи спреми понуда за Интер и Лукаку која не се одбива

Актуелниот европски шампион Челзи има голем буџет за доведување на врвен напаѓач ова лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Прва желба е Ерлинг Халанд, но Норвежанецот е премногу скап, па Челзи сега ќе се сврти кон Ромелу Лукаку.

Понудата на Челзи е 130 милиони евра, плус Интер ќе може да си одбере еден фудбалер од Емерсон Палмери, Запакоста или Маркос Алонсо. Интер не сака да го продава Лукаку, но има финансиски проблеми и едноставно оваа понуда не може да ја одбие.

Лукаку првично одбива да се врати на „Стенфорд Бриџ“, но „сините“ му понудиле годишна плата од 12,5 милиони евра, што е за цели 5 милиони евра повеќе од актуелната плата.

Италијанските медиуми пишуваат дека Интер ќе се насочи кон Запата од Аталанта доколку Лукаку се пресели во Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…