Дома Фудбал Останато Загревање пред Скопје: Јунајтед и Реал ремизираа во САД (видео)

Загревање пред Скопје: Јунајтед и Реал ремизираа во САД (видео)

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, кои на 8.август во Скопје ќе се борат за трофејот во Суперкупот на УЕФА, изминатата ноќ во САД, во Санта Клара, одиграа контролен меч кој „црвените ѓаволи“ го добија по изведувањето на пенали.

Натпреварот кој се одигра во рамките на Интерконтиненталниот куп на шампионите заврши без победник 1:1, а потоа Јунајтед победи по изведувањето на пенали 2:1.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


По мечот повеќе причина за задоволство може да има Зинедин Зидан, бидејќи во второто полувреме со неколкумина играчи од младинскиот тим успеа да постигне гол против Јунајтед, во чии редови во вториот дел играа Де Геа, Лукаку, Погба…

Инаку, Јунајтед постигна гол во 45.минута преку Лингард. На голот му претходеше брлијантната соло акција на Марсијал. Реал израмни од пенал в 69.минута, а голот го постигна Каземиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не чекал долго, Тудор веќе ја добил првата понуда по отказот во Јувентус!

Игор Тудор одлучил да не ја прифати понудата да го Спартак Москва. Иако бил контактиран од…