Горан Пандев овие денови е во Бугарија каде што ги следи пријателските натпревари за Академија Пандев.
Присуството на Пандев го искористи бугарскиот портал „Спортал.бг“ за кој тој истакна дека целта на Академија Пандев да влезе помеѓу најдобрите три екипи во ПМФЛ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нашата цел е да се бориме за Европа, кај нас во овој момент се неколку играчи на проба, ќе доведеме неколку за да го комплетираме тимот. Верувам дека можеме да се бориме за првите три места на табелата. Првенството во Македонија е изедначено и нема да биде лесно, сепак имаме добар тренер и млади играчи ако одработиме добар трансфер период верувам дека ќе имаме добра сезона. Се надевам дека во иднина ќе се појави нов Горан Пандев“, изјави Пандев.
И во новата сезона Академија Пандев ќе биде предводена од Александар Васоски.
Фото: „Спортал.бг“.