Вчера во јавноста се појави список на задолжителна вакцинација за патувањето во Токио на Олимписките игри.
Големи реакции во јавноста имаше затоа што на тој список се најдоа членови на семејствата на Даниел Димевски, Наумче Мојсовски и Владимир Богоевски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После реакциите МОК се огласи со соопштение:
„Со цел веродостојно информирање на јавноста, Олимпискиот комитет на Северна Македонија информира дека Олимписката делегација за Олимписките игри ТОКИО 2020, кои се сместени во Олимпиското село во Токио, е во состав:
1. Владимир Богоевски – Шеф на делегација
2. Небојша Настов – доктор
3. Дејан Георгиевски – спортист
4. Дарко Костовски – тренер
5. Борче Костовски – тренер
6. Филип Додевски – спаринг партнер
7. Миа Блажевска Еминова – спортист
8. Филип Деркоски – спортист
9. Илија Стојановски – тренер
10. Јован Стојоски – спортист
11. Марина Мишиќ – тренер
12. Борјан Бранковски – спортист
13. Јордан Тасевски – тренер
14. Пулексенија Јованоска – спортист
15. Стојан Aндриевски – тренер
16. Арбреша Реџепи – спортист
17. Горан Мицкоски – тренер
18. Магомедгаджи Нуров – спортист
19. Могамед Ибрагимов – тренер
Сите погоре наведени се сместени во Олимпиското село во Токио.
Согласно правилата на Меѓународниот олимписки комитет, официјални гости за кои трошоците за престој и пат ги поднесува исклучиво ИОК се Даниел Димевски – претседател, Сашо Поповски – Генерален секретар, Наумче Мојсовски – висок државен претставник, сите со по еден член во придружба.
Ова е комплетниот состав на македонската делегација во Токио.
Олимпискиот комитет на Северна Македонија ниту има закупено хотелски соби нити има платено какви и да се финансиски средства за оваа намена која е во целост финансиски покриена од страна на ИОК за сите погоре наведени лица.
Во услови на засилени и строги мерки заради глобалната пандемија КОВИД – 19, кога сите движења се ограничени до максимум, кога излезот на спортистите надвор од Олимпиското село не е дозволен, туку можни се само настапи на спортските натпревари, а официјалните лица не смеат да излагат од хотелот, нивниот престој е исклучиво во работна функција и договарање на нови Олимписки програми и проекти за кои дополнително и детално ќе информираме.
Олимписки комитет на Северна Македонија“, стои во соопштението на МОК.