18-годишниот Тунижанец Ахмед Хафнауи ја креираше една од најголемите пливачки сензации во поновата историја на Олимпискитеи игри откако освои златен медал на 400 метари слободно.
Тунискиот тинејџер триумфираше во оваа дисциплина со време 3:43,36 минути, па го освои златото, иако едвај се пласираше во финалето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во фианлето Хафнауи пливаше во 8-та патека и постијано беше во заостанување, но во последните 50 метри направи сензација.
„Не ми се верува што направив. Едноставно не ми се верува. Ова е мојата најдобра трка во животот“, рече Хафнауи.
18-year-old 🇹🇳 Ahmed Hafnaoui of Tunisia came from behind to win gold in the men's 400-meter freestyle. https://t.co/oGx14Hwtpn pic.twitter.com/o9leZwGnw3
— NYT Graphics (@nytgraphics) July 25, 2021