Дома Топ вести Милан го купува „грузискиот Меси“

Милан го купува „грузискиот Меси“

Руските медиуми пренесуваат дека Милан е блиску до потписот на Хвича Кварацхелија, или грузискиот „Меси“.

Грузиецот го сврте вниманието кон себе со добрите настапи во дресот на Рубин Казан и беше избран за најдобар млад фудбалер во руската лига.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Борусија Дортмунд и Јувентус подолго време го следат крилниот напаѓач, но Милан наводно успеал да ја победи конкуренцијата.

Руските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ постигнале договор со Рубин Казан, а агентот на Кварацхелија овие денови ќе пристигна во Италија за да го комплетира трансферот.

Финансиските детали не се познати, но се претпоставува дека Милан за неговиот потпис ќе плати 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…