Дома Трансфер зона Нема да ви се верува – Интер даде „корпа“ на еден од најдобрите напаѓачи во светот!

Нема да ви се верува – Интер даде „корпа“ на еден од најдобрите напаѓачи во светот!

Спалети ја „спушти рампата“ и можеби е во право…

Во англиските и италијанските медиуми се појави една интересна вест. Имено, напаѓачот Диего Коста бил понуден на италијански Интер, но Лучијано Спалети одбил да го доведе во Милано.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бразилецот на италијанскиот клуб му бил пондуен до јануари, после што Коста би се преселил во Атлетико Мадрид.

Причината за одбивањето е јасна, не сакаат играч на шест месеци, пред се поради тоа што Коста со мислите веќе би бил во друг тим, покрај тоа познат е и темпераментот на напаѓачот кој би можел да донесе и проблеми во соблекувалната.

Спалети смета дека Икарди како прв напаѓач и Едер кого немаат намера да го продадат се сосема доволни и дека Коста не би значел ништо.

Интересно, новиот директор на Интер, Валтер Сабатини имаше намера да го доведе Коста во Рома кога Бразилецот настапуваше за Рајо Ваљекано, па тој можеби бил подготвен да го доведе, но тренерот се спортиставил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…