Дома Фудбал Гринвуд: Меси е од друга планета, Роналдо е пред него само во физичката спремност

Гринвуд: Меси е од друга планета, Роналдо е пред него само во физичката спремност

Mладиот член на Манчестер Јунајтед даде свое мислење на вечното прашање: Кој е подобар? Меси или Роналдо.

Оваа дебата трае долго во фудбалскиот свет и сигурно никогаш нема да добиеме конечен одговор. Двајцата освои 11 „Златни топки“, Аргентинецот има шест, Португалецот една помалку.

За Гринвуд Меси е подобар.

„За мене лично Меси. Без никакви дилеми тој е од друга планета. Единствено во што Роналдо би го ставил пред Меси е физичката спремност во која е доминантен“, изјави младиот Англичанец.

Манчестер Јунајтед новата сезона во Премиер лигата ја отвара на 14. август од 13:30 против Лидс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…