Шкендија денес го одигра натпреварот против летонска Рига во квалификациите од Конференциската лига и забележа нов пораз.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако тетовци претрпеа два порази од Мура со по 0:1 и 0:5 денес беа поразени од Рига на гостински терен со 2:0. Рига не доминираше, меѓутоа си ги искористи своите шанси, па за реваншот во Скопје си обезбеди солидна предност.
Весли го отвори резултат во 13. минута од првата посериозна шанса за домаќините, а конечните 2:0 ги постави Вакулко на почетокот од вториот дел.
Со оглед на тоа што Шкендија покажа во овие три европски натпревари и гол разликата од осум примени и ниту еден постигнат гол, јасно е дека во реваншот ги чека и тоа како тешка задача.