Дома Останати Уште една земја се повлече од Олимписките игри

Уште една земја се повлече од Олимписките игри

Спортистите од Гвинеја нема да се најдат на свеченото отворање на Олимписките игри во Токио откако челниците на оваа западноафриканска земја решија да го откажат настапот на Олимпијадата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Поради КОВИД-19, владата, загрижена за здравјето на гвинејските спортисти, за жал одлучи тимот да не се натпреварува на Олимписките игри во Токио“, соопшти тамошниот министер за спорт.

Гвинеја е втората земја која го откажа учеството на ЛОИ, откако претходно тоа го направи и Северна Кореја.

Во меѓувреме, во текот на вчерашниот ден откриени се 12 позитивни на Ковид во Олимпиското село. Двајца од заразените се странски спортисти, другите десет се работници поврзани со организацијата на Игрите и службени лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…