Вечерва беа одиграни првите натпревари од второто претколо во Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието беше дуелот ПСВ – Галатасарај.
ПСВ пред своите навивачи одигра фантастичен натпревар и успеа да ја прегази Галатасарај со 5:1, па само чудо може да ги одведе Турците во наредното коло.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Домаќините поведоа во петтата минута преку Захави, истиот играч во 35. Минута зголеми на 2:0. Седум минути подоцна Галатасарај се врати во игра со гтолот на Килиниц и изгледаше дека се враќаат во натпреварот.
До трет гол ПСВ дојде во 52 минута и тоа преку Германецот Марио Геце. Во самиот финиш ПСВ постигна уште два гола. Прво Захави дојде до хет-трик, а супер натпреварот го круниса Геце кој вечерва изгледаше како да се враќа во поранешната форма.