Дома Трансфер зона Нов „случај Алаба“: Ѕвездата на Баерн си заминува без пари

Нов „случај Алаба“: Ѕвездата на Баерн си заминува без пари

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка влезе во последната година од договорот и засега според информациите на медиумите двете страни не се блиску до договор.

Баерн сака да го задржи, но не сака нов случај Давид Алаба кој ова лето си замина бесплатно. Договорот на Горецка истекува на крајот од наредната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, двете страни се далеку од договор бидејќи агентите на Горецка бараат плата од 20 милиони евра по сезона, а Баерн е спремен да понуди најмногу 12 милиони евра.

Доколку двете страни не ги приблиѓат позициите, на Баерн сериозно му се заканува да му се повтори „случајот Алаба“.

Имено, Горецка е спремен да го одработи договорот и следното лето да замине како слободен агент, а интерес за него покажуваат Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и клубовите од Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…