Мануел Локатели е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот после Европското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 12 милиони евра.
Плејмејкерот го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација, притоа блесна на ЕУРО.
Јувентус веќе подолго време преговара со Сасуоло за трансферот на Локатели, но не сака да понуди повеќе од 30 милиони евра, додека клубот бара 40 милиони евра.
Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал и да го „украде“ Италијанецот пред носот на „старата дама“, па веќе понудил 34 милиони фунти (40 милиони евра).
Arsenal have made a £34m bid for Sassuolo midfielder Manuel Locatelli. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/zYFMUIWN73
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 20, 2021