Дома Останати Олимписките игри во Токио може да бидат откажани во последен момент!?

Олимписките игри во Токио може да бидат откажани во последен момент!?

На три пред официјалното отварање на најголемиот спортски настан можно е да дојде до откажување, најави првиот човек на организацискиот комитет Таширо Муто.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


ЛОИ во Токио треба да бидат отворени во петок, а утре стартуваат некои настани како што е фудбалскиот олимписки турнир. Сепак, од ден во ден има се повеќе заразени, бројката веќе стигна до стотина, па не се отпишува најлошото сценарио.

„Не знаеме што ќе се случува и како ситуацијата со коронавирус ќе се развива. Имаме договор врз база на епидемиолошката состојба дека ќе има разговори со сите страни. Бројките можеби ќе се зголемат, можеби и ќе паднат, ќе видиме. Како и да е ништо не можеме да исклучиме“, одговори Муто на новинарското прашање дали игрите може да се откажат во последен момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…