Дома Фудбал Останато Елмас: Сакам повторно со Македонија да играм на ЕП

Елмас: Сакам повторно со Македонија да играм на ЕП

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одговараше на прашањата од фановите на официјалниот Инстаграм на Наполи.

Елмас меѓу другото откри дека негов идол е Роналдињо и дека голема желба му е да игра повторно на ЕП со Македонија.

Ова се дел од неговите одговори:

Идол – Роналдињо

Омилена храна: Пица

Европско првенство: Искуството беше прекрасно, импресивно. Се надевам дека повторно со Македонија ќе играм на големо натпреварување.

Најубав момент: Најубав момент во Наполи беше триумфот во Купот на Италија.

Први тренинзи за нова сезона: Првите тренинзи се одвиваат добро, работиме напорно и среќни сме.

Број на дрес: Да го носам дресот со број 7, ми дава голема мотивација затоа што овој број го носеле многу големи играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден гол во осум натпревари, сега се огласи Анчелоти: Реал има проблем што повеќе не може да се скрие

Винисиус Жуниор игра очајно на почетокот на новата сезона. Еден гол во осум натпревари за …