Дома Македонски спорт Во Олимпиското село во Токио пристигнаа првите македонски спортисти

Во Олимпиското село во Токио пристигнаа првите македонски спортисти

Пристигнати и веќе сместени во Токио, во Олимпиското село, македонските спортисти кои во седум дисциплини ќе настапуваат под македонското знаме.

Јапонската престолнина од 23 јули до 8 август ќе биде домаќин на најголемата светска спортска манифестација.

За настап на Олимписките игри се изборија пливачите Миа Блажевска – Еминова и Филип Деркоски, таеквондистот Дејан Георгиевски, атлетичарот Јован Стојоски, прилепчанката и каратистка Пулексенија Јовановска, џудистката Арбреша Реџепи, стречалот Борјан Бранковски и борачот Могамедгаџи Нуров.

Македонски знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Реџепи и Георгиевски.

Први од македонските олимпијци ќе настапат Дерковски и Бранковски на 24 јули, а ден подоцна на олимиската арена ќе настапи Реџепи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …