Веќе подолго време се дискутира за можни промени во правилата во фудбалот, кои би требале да ја забрзаат играта и да ја направат уште поатрактивна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Светската куќа на фудбалот (ФИФА), на турнир во Холандија, ќе тестира пет нови фудбалски правила. На него ќе учествуваат резервните тимови на ПСЖ, АЗ Алкмар, Клуб Бриж и РБ Лајпциг.
Натпреварите ќе бидат поделени во две полувремиња од по 30 минути, а судијата ќе го запира времето во текот на прекините. Тренерите ќе можат да прават неограничен број летечки измени без запирање на играта, по примерот на хокејот и ракометот. Жолтиот картон ќе значи пет минути одмор за играчот кој го добил.
Потоа топката од аут ќе се изведува со нога и фудбалерот кој изведува слободен удар или корнер, може да тргне со топката во дриблинг, без претходно да му ја подаде на некој од соиграчите.
Ова се 5-те револуцинерни правила, а било кое од нив може комплетно да го промени фудбалот.