Дома Фудбал Рамос: Нејмар ме убеди да потпишам за ПСЖ

Рамос: Нејмар ме убеди да потпишам за ПСЖ

Серхио Рамос веќе ги започна подготовките со својот нов клуб, искусниот дефанзивец од наредната сезона ќе го гледаме во дресот на ПСЖ.

На изненадување на сите Рамос ова лето се реши да го напушти Реал Мадрид и во Париз пристигна како слободен играч откако му истече договорот.

Сега тој откри дека пред да се одлучи да потпише за ПСЖ разговарал со Нејмар.

„Со Нејмар во контакт сме шест-седум години. Без разлика што тој играше за Барса, а јас за Реали имавме одлично пријателство. Истото важи и за Ди Марија и Кејлор Навас со кои останав пријател откако си заминаа од Реал. Искрено, Нејмар ме убеди да дојдам тука. Од голема помош е пред да потпишете со некој клуб да зборувате со играчите од тој клуб. Освен тоа Леонард и Ал Келаифи ми претставија фантастичен проект“, изјави Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…