Фудбалерите на Барселона пред неколку дена ги стартуваат подготовките за новата сеозна.
Каталонскиот клуб одработи неколку полесни тренинзи, а на почетокот на припремите се појавија и некои играчи на кои Роналд Куман нема намера да смета во новата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тука најмногу се мисли на Миралем Пјаниќ и Самуел Умитити. Барселона на овие двајца играчи претходно им понуди спогодбен раскин на договорот, но двајцата одбија на таков начин да го напуштат клубот.
Во Барселона немаат многу време затоа што се во финансиски проблеми и мораат да го ослободат од буџетот за Меси да потпише нов договор.
Покрај споменатите двајца Барселона во што е можно побрз период сака да се ослободи и од Мартин Брајтвајт.