Европското првенство со вчерашното финале помеѓу Италија и Англија дојде до својот крај, Италија е новиот Европски шампион, а ние ќе го паметиме како наш прв и исторски настап на едно големо натпреварување.
По тој повод се огласи првиот човек на Фудбалската Федерација, Муамед Сејдини.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Заврши едно од најубавите Европски првенства за мене и за нашата земја.На јубилејот од 60-годишнината на ЕУРО, успеавме да ја напишеме историјата и ние како Македонија, бидејќи за прв пат бевме дел на едно вакво големо натпреварување.ЕУРО 2020 засекогаш ќе остане во наше сеќавање!“, порача Сејдини преку социјалните мрежи.