Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО На Мурињо не му е јасно: Како се дозволи Сака да решава за судбината на Англија!?

На Мурињо не му е јасно: Како се дозволи Сака да решава за судбината на Англија!?

Англија вчера беше поразена од Италија во пенал серијата, клучниот пенaл го промаши Бакајо Сака.

Во јавноста преовладуваат коментарите дека не требало да се дозволи на 19 годишник да преземе толкав товар на себе покрај поискусните играчи. Taков коментар имаше и португалскиот стратег Жозе Мурињо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Околу изведувачите на пенали, мислам дека Сака треба да биде последен во таа конкуренција. Премногу е млад за да има таков терет на себе. Не знам, Саудгејт ќе треба да каже што се случувало, често пати може играчите кои треба да шутираат да бегаат од одговорност. Меѓутоа го познавам Саудгејт, тој секогаш ги брани фудбалерите и не очекувам да открие дека некој одбил да шутира, ако имало таков“.

„Моето прашање е каде беше Стерлинг? Стоунс, Хендерсон, Шо? Зошто Хендерсон и Вокер не останаа на теренот? На Рашфорд и Санчо воопшто не им беше лесно да шутираат пенал откако претходно имаа само еден допир со топката. Не можам да разберам како Сака ја имаше судбината на Англија во свои раце, тоа е за него беше преголема одговорност. Жал ми е за Сака“, изјави Мурињо.

Сличен коментар на оваа тема имаше и легендарниот Рој Кин – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…