Дома Фудбал Англија Официјално Мората го облече плавиот дрес

Официјално Мората го облече плавиот дрес

Шпанскиот фудбалер, Алваро Мората и официјално е нов фудбалер на Челси.

Иако Челси ја објави информацијата за договорот со Реал пред два дена, Мората дури денес ги мина лекарските прегледи и потпиша петгодишен договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси на Реал му плати 58 милиони фунти, а оваа цифра може да оди и до 70 милиони зависно од играта на Мората во плавиот дрес.

Шпанскиот репрезентативец ќе им се придружи на подготовките на Челси во Азија, а по потписот истакна дека е многу задоволен.

„Среќен сум што сум овде. Се чувствувам фантастично што сум дел од овој тим. Ќе работам напорно, ќе постигнам погодоци колку што ќе можам и ќе се потрудам да освојам што е можно повеќе трофеи“, истакна Мората по потпишувањето на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…