Дома Останати Кошарка НБА Јанис блескаше, Милвоки намали на 2:1 во финалето 🎥

Јанис блескаше, Милвоки намали на 2:1 во финалето 🎥

Третиот натпревар во финалето на НБА помеѓу Милвоки и Феникс заврши со победа на Бакси од 120:100.

Санси приклучок држеа само во првата четвртина, додека Милвоки ја заврши работата прилично рано и тоа веќе во втората четвртина која ја добија со резултат со 35:17.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Преостанатите два периоди беа рутинско одработување за Јанис и соиграчите. На крајот конечниот резултат гласеше 120:100 и сега е 2:1 во серијата за Санси. Антетокумпо беше најдобар во својот тим со 41 поен и 13 скокови, солиден беше и Џру Холидеј со 21 поен.

Кај поразените со 19 поени се истакна Крис Пол, додека своа ноќ немаше и Девин Букер кој натпреварот го заврши со 10 поени. Четвртиот натпревар се игра ноќта помеѓу среда и четврток, исто така во Фисерв Форум арената во Милвоки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…