Колумбија и Перу одиграа одличен меч за третото место на Копа Америка.
На стадионот во Бразилија видовме пет гола, а на крајот се радуваа Колумбијците со 3:2 и тоа после пресврт. Јотун во последните минути од првото полувреме постигна гол за водство на Перу за на стартот на вториот дел Квардадо да изедначи со убав гол од слободен удар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Диаз во 66. минута донесе предност за Колумбија, но на десетина минути пред крајот Лападула погодува и ги враќа работите на почетокот.
Се очекуваа продолженија, но длабоко во судиското продолжение Диаз го постигнува својот втор гол на натпреварот и носи победа за Колумбија.
Ќе потсетиме во ноќта која пред нас со почеток во 02:00 часот во финалето ќе се сретнат Бразил и Аргентина.